ВМРО-ДПМНЕ му се закануваат на Јакимовски со ревизија, Tребало да му честита на Лукровски место обвинувањата за поткуп и кражба на гласови

Стевчо Јакимовски наместо да покаже политичка култура и да честита на изборниот победник, се обидува да го минимизира поразот и да бара изговори преку создавање на алиби за изборни нерегуларности, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ предизвикани од вчерашните тешки обвинувања на досегашниот градоначалник дека победата му е „украдена“.

„Јакимовски наместо да се теши по неуспехот во Карпош, да се помири со фактот дека граѓаните го испратија во политичка пензија, народот избра визија, напредок и работа.

Од што се плаши Јакимовски? Дали поради тоа што знае дека следи ревизија во Карпош на неговата криминална работа? Дали Јакимовски се плаши дека ќе излезат на виделина сите криминали, тендери во четири очи и матни зделки за време на неговиот мандат?

Јакимовски е свесен за неговите злоупотреби и нерегуларности во работата и токму поради тоа сега е во паника. Јакимовски се плаши од ревизијата што ќе го разобличи неговото работење во општината и се обидува да го пренасочи вниманието кон измислени изборни нерегуларности.

Јакимовски е одговорен за бетонизацијата на Карпош, а карпошани го казнија токму поради тоа што Јакимовски работеше за лични интереси и интереси на урбаната мафија, наместо за интересите на граѓаните.

Јакимовски да не се обидува очајнички во овие неколку дена да ги заштити структурите од урбаната мафија и да не потпишува документи, бидејќи ќе следи ревизија на целосното негово работење. Целосна ревизија на финансиското и урбанистичкото работење во општина Карпош“, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Back to top button
Close