(Видео) Драма во Белата куќа: Гостин колабираше пред Трамп, д-р Оз интервенираше веднаш
Во Овалната соба на Белата куќа во четвртокот се случи драматична сцена откако еден од присутните колабираше за време на прес-конференцијата на која претседателот Доналд Трамп ја претставуваше новата иницијатива за намалување на цените на лековите против дебелина.
U.S. President Donald Trump stands by as attendees help a guest after he collapsed during during an event on lowering drug prices in the Oval Office at the White House on November 06, 2025 in Washington, DC. (Photo by @andyharnik /@GettyImages) pic.twitter.com/v9X9p853xT
— Andrew Harnik (@andyharnik) November 6, 2025
Инцидентот се случи пред очите на Трамп и повеќе високи функционери, меѓу кои беа д-р Мехмет Оз, директорот на Центарот за „Медикејр“ и „Медикејд“, како и министерот за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор.
Кога мажот, чиишто идентитет засега не е официјално потврден, почнал да ја губи свеста, Оз и другите присутни веднаш реагирале и му притрчале на помош. „Are you OK? Gordon, you OK?“ се слушало како прашува директорот на фармацевтската компанија „Ели Лили“ (Eli Lilly), Дејвид Рикс, додека обезбедувањето и новинарите ја напуштале просторијата.
Оз се наведнал над мажот и, заедно со уште неколку лекари, го положил на подот. Според изјави на сведоци за магазинот „Пипл“, Кенеди во тој момент излегол да донесе столица и влажен пешкир за да помогне, но корисници на интернетот брзо го обвиниле дека „побегнал од просторијата“.
„Секретарот отиде да побара медицинска помош додека другите укажуваа прва помош, вие болни умови,“ напиша на платформата X заменик-портпаролот на Белата куќа, Куш Десаи, бранејќи го Кенеди. Откако прес-конференцијата накратко беше прекината, Трамп им се обрати на присутните:
„Го видовте човекот што се сруши, но сега е добро. Го испративме кај лекарите и сè е во ред. Имавме мала пауза, но продолжуваме понатаму,“ рече претседателот.
Набргу потоа се појавија шпекулации дека станува збор за Гордон Финдли од компанијата „Ново Нордиск“ (Novo Nordisk), производител на лековите „Оземпик“ (Ozempic) и „Веговј“ (Wegovy), но компанијата го демантираше тоа, наведувајќи дека на настанот присуствувале само двајца нивни високи претставници, пренесува „Пипл“.
Интересно е што ова не е прв ваков инцидент во Белата куќа оваа година. Во април, д-р Оз бил сведок на слична ситуација кога неговата 11-годишна внука се онесвестила за време на друг официјален настан.






