Бугарија со закон ја презеде контролата врз рафинеријата на Лукоил

Бугарскиот парламент донесе закон со кој рафинеријата на руската групација Лукоил во Бургас, на Црното Море, се става под државна контрола.
Тоа е последица на американските санкции воведени во октомври против тој руски нафтен гигант, што ја загрижи бугарската влада дека руската рафинерија, најголемата компанија во Бугарија со промет од 4,68 милијарди евра во 2024 година, ќе мора да се затвори според санкциите.
Американските санкции, кои ќе стапат во сила на 21 ноември, „ќе доведат до прекин на работењето на рафинеријата … поради одбивањето на сите страни да вршат плаќања на компаниите што припаѓаат на Лукоил“, беше објаснето од партијата кога го поднесоа предлог-законот, кој беше усвоен по забрзана постапка.
Лукоил индиректно поседува 99,85 проценти од рафинеријата Нефтохим во Бургас.
Бугарската влада ќе назначи специјален менаџер за управување со компанијата. Тој ќе биде овластен, со одобрение на Владата, да продава акции „по проценка на пазарот“, одлучија бугарските пратеници.






