Притвор за директорот на Агенцијата за земјоделство и уште тројца осомничени

Судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје им одреди мерка притвор од 30 дена на четири од петте лица осомничени во корупцискиот случај поврзан со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Петтемина осомничени попладнево беа спроведени во судот, каде се произнеле пред судијата.
По сослушувањето, судијата донел решенија со кои го прифатил предлогот на Обвинителството за осомничените Џ.Н., А.Ф., Ф.Ф. и И.С. (директорот на Агенцијата). Како што соопшти судот, притворот од 30 дена за сите четворица е определен заради постоење на основите од точките 1, 2 и 3 од законот, односно:
Опасност од бегство
Можност за влијание врз сведоци
Опасност од повторување на делото
За петтото осомничено лице, Ј.К., судот го прифатил променетиот предлог на Јавниот обвинител и ѝ определил мерка куќен притвор.
Осомничените беа уапсени вчера во акција на ОЈО ГОКК и МВР, под сомнение за примање и давање поткуп и противзаконито влијание, поврзано со доделување на договор за ИПАРД средства на фирма која не ги исполнувала условите.






