Хрватската интервентна полиција спречи маскирани мажи да влезат во Српскиот културен центар во Загреб

Интервентната единица на загрепската полиција вечерва спречила група маскирани мажи со качулки на главите да влезат во Српскиот културен центар, каде што се отвора изложбата „Ефемерис – легат на Дејан Медаковиќ“, со која започнуваат Деновите на српската култура.

Според неофицијални информации, инцидентот се случил на Прарадовиќева улица во центарот на Загреб. Истата манифестација, според организаторите, претходно во Сплит била попречена со насилство и говор на омраза, при што полицијата тогаш привела девет лица.

Хрватските медиуми пренесуваат дека денеска меѓу навивачките групи кружел повик за собирање во Прарадовиќева улица. Откако се собрале околу 50 мажи, тие почнале да скандираат „Независна држава Хрватска“, а потоа да извикуваат „За дом спремни“. По кратко време, групата се повлекла од местото на настанот.

Back to top button
Close