Пол позиција за Норис на трката за ГН на Бразил

Возачот на Мекларен Ландо Норис ја освои пол позицијата на ноќеска одржаните квалификации на патеката Интерлагос на трката за Големата Награда на Бразил. Ова за него е 15.та пол позиција во кариерата, а шеста сезонава.

Веднаш до него ќе биде Кими Антонели од Мерцедес, а во вториот ред се Шарл Леклер (Ферари) и Оскар Пјастри (Мекларен).

Актуелниот првак Макс Верстапен од Ред Бул за време на квалификациите имаше проблем со болидот и ќе стартува од 16.та позиција.

Норис покрај тоа што беше најбрз во квалификациите го освои и првото место во спринтот.

Back to top button
Close