Челзи во вториот дел го „скрши“ отпорот на Вулверхемптон

Нова победа и пробив на второто место направија фудбалерите на Челзи по синоќешниот триумф од 3:0 над последнопласираниот Вулверхемптон. Ова за „сините“ е втора победа во серија, додека Вулверхемптон и покрај промената на менаџерот остана на два бода и на последното место на табелата.
Челзи во првиот дел се мачеше да го „скрши“ отпорот на ривалот, а во вториот дел тоа го стори за 20-тина минути. Првиот гол го постигна играчот од одбраната Густо во 51.минута. На 2:0 зголеми Жоао Педро во 65.минута, а конечните 3:0 ги постави Педро Нето во 73.минута.
Челзи со 20 бодови и натпревар повеќе во однос на конкурентите се проби на втората позиција, шест помалку од лидерот Арсенал.
Попладнево во терминот од 15 часот се играат четири натпревари од 11.коло, а двојките се: Астон Вила – Борнмут, Брентфорд – Њукасл, Кристал Палас – Брајтон и Нотингем Форест – Лидс Јунајтед.
Дербито на колото од 17:30 часот го играат Манчестер Сити и Ливерпул.






