Кривична за благајничка во Kомунално претпријатие во Кавадарци – присвои над 9.000 евра


Кривична пријава против вработена во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци е поднесена за „проневера во службата” и „затајување”.

Како што информираат од МВР, поднесена е кривична пријава против В.Д.(48) од Кавадарци поради постоење на основано сомнение дека сторила кривични дела „проневера во службата” и „затајување”.

Пријавената вработена како благајник во Јавно претпријатие за комунални работи Кавадарци, во периодот од 22.09.2025 до 31.10.2025 одзела 568.684 денари од претпријатието.

Имено, дел од парите од дневниот промет од наплатните пунктови по основ на платени сметки за водоснабдување и комуналии, кои и биле доверени во службата, не ги внесувала на банкарска сметка на претпријатието, односно дел задржувала за себе, а останатиот дел го внесувала на сметката и на тој начин што го оштетила јавното претпријатие за наведената сума.

Back to top button
Close