Кај жител на Кисела Вода најдени голема количина марихуана и многу пари

Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје денеска уапсиле лице од Скопје поради поседување и трговија со наркотични средства.

Според информациите, на улицата „Христо Татарчев“ во скопска Кисела Вода полициски службеници извршиле легитимирање и преглед на лицето С.М. од Скопје, при што биле пронајдени марихуана, дигитална вага и поголема сума на пари.

При дополнителен преглед на патничко возило „Фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на осомничениот, била пронајдена поголема количина марихуана.

По добиена судска наредба, бил извршен претрес во домот каде што престојувал С.М., при што во подрумска просторија од станот полицијата пронашла голема количина на марихуана и две дигитални ваги.

Осомничениот е лишен од слобода, а за случајот е известен јавен обвинител.

По целосно документирање на настанот, против С.М. ќе биде поднесен соодветен поднесок до надлежното обвинителство.

Back to top button
Close