Сончево, претпладне со услови за магла по одделни котлини

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а прептладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени Целзиусови.

Во Скопје, преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер, а претпладне во делови од котлината со услови за појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), следува период на стабилно и суво време со постудени утра. Во текот на денот ќе преовладува сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла

Back to top button
Close