ДКСК: Со изземање на службеното лице ќе се избегне директно или индиректно влијание врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати за судија во Европскиот суд за човекови права

– Со изземањето на службеното лице ќе се избегне било какво влијание директно или индиректно врз носењето на одлуката на Комисијата за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права во согласност со принципите на транспарентност, еднаков третман и јавен интерес. Вака одлучија на денешната 25. седница членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) по пристигнатата пријава поднесена од познат подносител со наводи за постоење на судир на интереси кај службено лице – член на Комисијата. Во однос на оваа пријава, ДКСК смета дека нема елементи за надлежно постапување и донесе одлука да се запира постапувањето.
-ДКСК имајќи ги предвид законските одредби и утврдената фактичка состојба констатира дека во конкретниот случај постои директен и непосреден службен и хиерархиски однос меѓу службеното лице и членовите на Управниот одбор на истата институција. Тој однос подразбира можност за меѓусебно влијание и зависност, а непристрасноста при одлучувањето се нарушува под влијание на меѓузависност на позиции, хиерархии, одлучување во исто управувачко тело. Постоењето на таквиот однос може да создаде објективно оправдан сомнеж кај јавноста во пристрасноста при постапувањето и одлучувањето. Поради постоење на судир на интереси, со изземањето на службеното лице ќе се избегне било какво влијание директно или индиректно врз носењето на одлуката на Комисијата во согласност со принципите на транспарентност, еднаков третман и јавен интерес. ДКСК при одлучувањето, особено ценеше дека во конкретниот случај станува збор за постапување на Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, а во таа смисла ги имаше предвиде – стандардите утврдени низ судската пракса на Европскиот суд за човекови права во поглед на непристрасноста, истакна членот на ДКСК, Сервет Демири при образложувањето на поднесената пријава.
Како што потенцира, во пријавата е наведено дека на 4.9.2025 година е објавен оглас за избор на кандидати за судија на Република Северна Македонија во Европскиот суд за човекови права. Нагласи дека процесот на селекција и избор на кандидати го споредувала Комисијата за избор на кандидати во Република Северна Македонија за судии во Европскиот суд во полн состав. Посочи дека на 8.10.2025 година од страна на Комисијата е одржана втората седница на која е извршена административната проверка на апликациите во однос на критериумите објавени во Јавниот оглас и по проверката утврдена листата на апликанти кои ќе продолжат во следна фаза интервју.
-Во пријавата се наведува дека во период од 2.9.2025 година се до 22.10.2025 година пријавеното лице член на Комисијата учествувал и гласал на втората седница на Комисијата на која била извршена административна селекција на кандидатите, а Република Северна Македонија со судија во Европскиот суд за човекови права меѓу кои биле и пријавените лица – заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители и член на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Исто така, било утврдена листа на кандидати кои ќе бидат поканети на интервју, меѓу кои и горенаведените кандидати при што на истата седница пријавениот не се изземал од постапката за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права. Исто така, пријавителот наведува дека со двајца од пријавените кандидати е во состојба на судир на интерес, односно колеги учествувале во вршење на работи а во надлежност на Академијата. На трета седница на Комисијата која се одржала на 20.10.2025 година знаејќи дека ДКСК е поднесена пријава за постоење судир на интереси помеѓу претседателот на Комисијата и еден од кандидатите без да го сочека пристапувањето на ДКСК продолжил да учествува и во втората фаза од процесот – на селекција на кандидати и активно учествувал во процесот на интервју на 11 кандидати, меѓу кои биле и кандидатите. Во пријавата, исто така, е наведено дека лицето извршува повеќе функции и тоа претседател на Основен граѓански суд, претседател на Управен одбор на Академијата и заменик-претседател на Здружение на судии на Република Северна Македонија, рече Демири.
-Од увидот во записникот од одржаното втор состанок на Комисијата е видено дека Комисијата заседава во полн состав и едногласно констатирал дека од вкупните 20 пристигнати апликации, 11 кандидати ги исполнуваат минимум условите предвидени во јавниот оглас согласно Европската Конвенција за човекови права и препораките и стандардите на Советот на Европа и се квалификуваат на следната фаза на постапката – интервју. Од добиеното произнесување на службеното лице, ДКСК констатира дека истиот избран член на Комисија за избор на кандидати на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права од страна на Владата на Република Северна Македонија и дека за член на Комисија е назначен како претседател на Основен граѓански суд а не како претседател на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители. Постапката за која е основана Комисијата се уште не е завршена, односно се работи во континуитет бидејќи досега е завршена фазата за административна проверка на апликантите по однос на критериумите на пријавување и проверка на стручно знаење на кандидатите и спроведено интервју со 11 кандидати. Во врска со кандидатите, службеното лице наведува дека едниот ја врши функцијата заменик директор на Академијата за судии и јавни обвинители, а другиот член на Управниот одбор на Академија за судии и јавни обвинители и дека никој не може да им ја ограничи можноста да се кандидираат за избор за судија во Европскиот суд за човекови права. Комисијата не можела да влијае на ниту една кандидатура, бидејќи ваквото влијание е противуставно, противзаконито, односно Комисијата избрана од Владата ги испочитувала сите уставно загарантирани права на секој апликант. Службеното лице наведува дека состојбата при која лицата вршат функции во Академијата за судии и јавни обвинители не може да се поведе под Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, ниту па да имплицира судир при јавна должност и приватниот интерес, бидејќи истиот бил избран за член на Комисијата од страна на Владата како претседател на Основен граѓански суд, рече Демири.
Во однос на пријавата кои се однесуваат на постоење на неспојивост на функции кај службеното лице, ДКСК констатира дека не постои состојба спротивна на забраните од членот 44 од Законот за спречување на корупцијата и судр на интереси.






