Откриени два импровизирани кампови во кои се криумчареле мигранти, групата е сузбиена и поднесени се кривични пријави

Во близина на граничната линија помеѓу Македонија и Србија, во местото викано Ресуљка, откриени се два импровизирани кампови во кои се пронајдени осум илегални мигранти, двајца од Пакистан и шест од Авганистан, меѓу кои и две деца.

Од МВР соопштија дека операцијата е спроведена вчера од Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Секторот за криминалистички истраги, во содејство со Одделот за специјални и посебни операции и криминалистичката полиција, под раководство на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран и сериозен криминал.

-Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34), А.Ш.(37) и 15-годишник, сите од Авганистан, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“ по член 418 -а и 418-б од Кривичниот законик.

До обвинителството е поднесена кривична пријава против пет лица – З.Х. (20), Џ.Д. (31), В.Х. (34), А.Ш. (37) и 15-годишник, сите од Авганистан, поради основано сомнение за сторено кривично дело „Криумчарење мигранти“ по член 418-а и 418-б од Кривичниот законик, се наведува во соопштението на МВР.

Според истрагата, пријавените во повеќе наврати прифатиле и илегално пренесувале мигранти од Грција до камповите, а потоа З.Х. и Џ.Д. со употреба на сила и закани изнудувале парични средства од мигрантите за нивно понатамошно префрлување кон Србија, со крајна цел земјите од Европската Унија.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close