Пол Мaкартни објавува песна без тонови во знак на протест против вештачката интелигенција во музиката

Музичарот Пол Мaкартни треба да го објави својот прв сингл по пет години како песна без тон во знак на протест против употребата на вештачка интелигенција (ВИ) во музичката индустрија.

Поранешниот член на Битлси е најновиот во низата уметници кои придонесуваат за „Дали е ова она што го сакаме?“ (Is that what we want), каде што ќе бидат објавени песни без тонови заедно со имињата на музичарите, објавi „Гардијан“.

Протестот е во врска со плановите на британската влада, поддржана од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, да дозволи употреба на вештачка интелигенција во музиката.

 

Песната на Мaкартни на Б-страната од албумот, [to ќе биде објавен на винил, содржи 55 секунди шум од лента, 15 секунди тропање и уште 80 секунди комбиниран шум и тропање.

 

Тој ќе им се придружи на големи имиња, вклучувајќи ги Кејт Буш, Сем Фендер и Ханс Цимер, а пораката на целиот албум е: „Британската влада не смее да ја легализира кражбата на музика во корист на компаниите за вештачка интелигенција“.

 

Ова не е првпат Мекартни да се приклучи на кампањата против заканата од вештачка интелигенција за креативните индустрии. Уште во септември, тој потпиша отворено писмо до британскиот премиер Кир Стармер, во кое ја повикува владата да не ги поддржува плановите за вештачка интелигенција пред посетата на Трамп на земјата.

Винил-изданието на албумот „Is This What We Want?“ ќе биде достапно од 8 декември 2025 година.

 

Back to top button
Close