МВР се подновува: Ова се новите полициски „Пежо 408“

Новите полициски возила пристигнаа во Македонија, а репортерите веќе ги уловија по улиците, објави 4NEWS.mk

Се работи за возила марка „Пежо 408“, а како дел од најавената модернизација на полицискиот возен парк, се очекуваат вкупно 120 нови патролни автомобили во вредност од 3,9 милиони евра
, објави 4NEWS.mk
МАКЕДОНИЈА
МВР се подновува: Ова се новите полициски „Пежо 408“
Автор:
Деск 4NEWS.MK
17/11/2025 17:40

Новите полициски возила пристигнаа во Македонија, а репортерите веќе ги уловија по улиците.

Се работи за возила марка „Пежо 408“, а како дел од најавената модернизација на полицискиот возен парк, се очекуваат вкупно 120 нови патролни автомобили во вредност од 3,9 милиони евра.

Набавката беше најавена уште во месец септември кога министерот за внатрешни работи Панче Тошковски порача дека постоечките возила се во многу лоша состојба.

Тошковски тогаш истакна дека планот на МВР е ова да биде само првата фаза од обновата, најавувајќи дека во следните месеци треба да се набават „три до четири пати повеќе“ возила од моменталните 120.

3

Back to top button
Close