Се преврте автомобил по судир со камион
Двајца повредени во сообраќајка што утрово се случи кај Горно Лисиче, на патот кој води кон населбата Пинтија.

Според фотографии објавени на социјалните мрежи, може да се види превртен автомобил кој претходно се судрил со камион.
Според првичните информации, на лице место веднаш дошла Брза помош која констатирала полесни повреди кај две лица






