Related Articles
Сиљановска-Давкова по средбата со Руте: Најголема гаранција за мирот и безбедноста на Западен Балкан е неговата итна и целосна интеграција во ЕУ
03.03.2026 16:47
Можеби ќе ве интересира
Close
Со полициски комбиња утрово околу 8:30 часот во судницата во КПУ „Идризово“ беа донесени неколкумина од обвинетите што се наоѓаат во притвор за случајот со пожарот во т.н. кабаре „Пулс” во Кочани.

Пред малку почна влегувањето на новинарските екипи. Во судницата на своите места веќе се наоѓаат адвокатите.
Пристутни се и обвинителите, кои како што најави државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, треба да бидат вкупно 15 на првото рочиште.
Денеска во големата дигитализирана судница при КПУ „Идризово“ треба да започне судењето за пожарот во Кочани во кои загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Обвинети се вкупно 38 лица од кои 35 се физички, а три се правни лица, односно фирми.
фото/видео: 360 Степени