Аеродром ја исчисти локацијата на поранешен „Мекдоналдс“, фактурата ќе им ја достави на сопствениците

Екипите на Јавното претпријатие денеска ја расчистуваат локацијата на поранешниот „Мекдоналдс“, која се наоѓа на приватно земјиште со запишан објект, соопшти утрово Општина Аеродорм.

Оваа акција доаѓа по текстот на „Независен“ во кој укажавме дека тој објект ја нагрдува сликата на општината.

„Иако сопствениците добија налог да ја исчистат оваа со години запуштена локација, тоа не беше направено. Поради тоа на терен излегоа комуналните екипи на Општината. По уредувањето, Јавното претпријатие ќе достави фактура до сопствениците со износот за извршените работи“, додаваат од Општината.

Општина Аеродром останува посветена на чиста, безбедна и уредна средина и ќе продолжи решително да реагира каде сопствениците не постапуваат согласно со законските обврски.

Back to top button
Close