Таравари останува во НАИ: Очекувам добри реформи во ДУИ и победа во Гостивар!

Имаме договор, заеднички кандидат за Гостивар ке биде доктор Валбон Лимани, тој што победи со 17.000 наспроти 4.200 гласови и му недостигаа само 21 глас за цензус. Оваа тема е одамна апсолвирана, вели Таравари на прашање на „Фокус“ дали останува дел од НАИ и дали е можно ДУИ да исфрли свој кандидат за градоначалник на Гостивар на повторените избори?

 15:36

За разлика од Зијадин Села, кој ја напушти Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ на Али Ахмети, лидерот на друго крило на поделената Алијанса за Абанците, Арбен Таравари, вели дека останува дел од НАИ.

Имено, Таравари вели дека тој и АА продолжуваат како НАИ и воедно порачува дека очекува „добри реформи“ на Конгресот на ДУИ што треба да се одржи во текот на следниот месец декември.

Воедно, тој ја отфрла можноста „интегративците“ да исфрлат свој кандидат за градоначалник на Гостивар на повторените избори, кои треба да се одржат на почетокот на следната 2026 година откако не беше постигнат цензус во првиот круг на изминатите локални избори.

Според неговите тврдења, постои договор заеднички кандидат на АА и ДУИ пак да биде досегашниот в.д. градоначалник Валбон Лимани, кој всушност го наследи на оваа функција Таравари, откако тој беше избран за министер за здравство.

Имаме договорзаеднички кандидат за Гостивар ке биде доктор Валбон Лимани, тој што подеди со 17.000 наспроти 4.200 гласови и му недостигаа само 21 глас за цензус. Оваа тема е одамна апсолвирана – вели Таравари за „Фокус“.

Back to top button
Close