Бесправна градба откриена на имот на ИВЗ

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 73-годишниот Е.А. од тетовското село Селце, поради сомнение дека извршил кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Според полицијата, пријавениот како инвеститор изградил семејна куќа на катастарска парцела која е во сопственост на Муфтиството на Исламската верска заедница, без да обезбеди потребно одобрение за градба од Општина Тетово.
Објектот бил подигнат без никаква валидна документација, а со тоа, како што наведуваат од СВР Тетово, бил узурпиран имот што не е во негова сопственост






