Салата на УКИМ која чинеше 2,5 милиони евра и никогаш не проработе – сега ќе се реновира за уште 900.000

Спортската сала на УКИМ, во која државата вложи околу 2,5 милиони евра, денес претставува напуштен и разурнат објект – симбол на долгогодишно институционално занемарување. Иако беше изградена уште во 2017 година со цел студентите од кампусот кај Правниот, Економскиот и Филолошкиот факултет да добијат современ простор за спорт и настава по физичко образование, салата никогаш не беше ставена во употреба, пренесе Фокус.

За само неколку години, новиот објект прерасна во целосно руинирана структура: скршени прозорци, оштетени трибини, уништена спортска подлога и простории претворени во импровизирано депониште. Наместо да биде најголемиот студентски спортски ресурс во државата, салата стана „мртва точка“ во срцето на кампусот, за која со години никој не презеде одговорност.

Според Министерството за спорт, конечно започната процедура за „оживување“ на универзитетската спортска сала. Оттаму велат дека тендерската постапка за избор на изведувач е веќе во тек, а планот е таа да заврши до крајот на годинава. Веднаш по изборот на изведувачот, во законски предвидениот рок, треба да започне и комплетната реконструкција на објектот.

Повеќе

Back to top button
Close