(Видео) Мицкоски транспарентно ги “опоменува“ обвинителите и судиите: „Грдно се зафатени со позициите“ не можат да се поместат ниту со кран

Премиерот Христијан Мицкоски вчера во јавна изјава го коментираше процесот на јавна расправа околу работата на обвинителството и судството, истакнувајќи дека некои поединци во системот се „грдно зафатени со позициите“ и дека не можат да се поместат ниту со кран, пренесе 4news

„А ние сега треба да водиме јавна дебата со поединци, не со мнозинство на обвинители и судии. Неколкумина седат на фотељите, грчевито се борат да останат таму. Малку им се трилјади, сакаат плата од пет илјади евра месечно, а во исто време долу, пациентите се борат за живот. Овие луѓе ќе ги фалиме за Гинис затоа што се хумани, а другите се борат за поголем буџет во држава каде што просечната плата е 750 евра,“ рече Мицкоски.

Премиерот додаде дека јавната дебата треба да се одвива во контекст на правниот процес и дека Владата нема намера да влијае на независноста на судството. „Сега дојдовме до констатацијата, а следно е да го најдеме точниот пат за правниот процес, за да не останат дилеми и да нема повторни извештаи кои ќе изнесат погрешни заклучоци за Владата,“ нагласи Мицкоски.

Тој истакна дека целта е да се обезбеди транспарентен процес и фер судење, додека се одвојува вниманието од поединци кои, според него, „грдно се борат за своите позиции и лични интереси“

Back to top button
Close