Мицкоски вели дека ваучерите се со лични податоци и не може да ги користат други лица
– Заклучно со вчера 27.000 студенти ги подигнаа ваучерите во вредност од 15.300 денари. Како ќе се искористат тоа оставаме на совеста на тие кои ги користат. Ние како Влада го ветивме овој проект и го испорачуваме – потенцираше Мицкоски.

За шпекулациите дека некои од студентите ги продаваат ваучерите, Мицкоски истакна дека дури и некои од студентите да ги препродаваат, тие не можат да бидат искористени бидејќи се со лични податоци.
– Мислам дека и да ги препродаде не би можело да бидат искористени, бидејќи таму се со лични податоци, така што мислам дека тие обиди се јалови – дециден е Мицкоски