Актуелниот генсек на ДКСК, Адем Чучуљ, највисоко оценет кандидат за раководење со Антикорупциска
Актуелниот генерален секретар на Државната изборна комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, е оценет како најуспешен во постапката за избор за прв антикорупционер.
Тој е еден од десетте пријавени кандидати за позицијата претседател на ДКСК, која остана празна откако Татјана Димитровска поднесе оставка по обвинението во случајот „Адитив“.

Комисијата за селекција на канцидати за претседател на ДКСК, формирана од собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата, на Адем Чучуљ му даде 96,50 поени, оценувајќи дека покажал искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.
Според најавите, утре треба да биде свикана собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на која треба да биде изгласан кандидатот за претседател на ДКСК по претходно направената селекција од Комисијата за селекција на кандидати. За претседател на ДКСК првично се пријавија 13 кандидати. Во меѓувреме еден од нив ги повлече документите, а за двајца се утврди дека не ги исполнуваат условите, со што бројот се сведе на 10.






