Девојка од Србија пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување


Девојка од Србија доцна синоќа пријавила возач на такси во Скопје за допирање по телото и бакнување, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Синоќа во 21:30 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје, 18-годишна девојка од Србија, со привремен престој во Скопје, пријави дека околу 15:15 часот, додека се возела во такси-возило на подрачјето на Гази Баба, такси-возачот ја допирал по телото и ја бакнал“,соопштија од МВР.

Од Министерството потенцираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close