Појава на одрони на патот Делчево – Македонска Каменица
Интензивните врнежи од дожд кои паѓаат од синоќа предизвикаа појава на одрони на патниот правец Делчево – Македонска Каменица.

Според информации од возачи, поголеми одрони се забележани по селото Очипала, во близина на месноста Баткова Чешма, каде на патот има поголемо количество земја и камења.
Поситни одрони има на повеќе делници долж овој патен правец, поради што сообраќајот се одвива отежнато и со зголемено внимание. Колската површина е влажна, а видливоста намалена, што дополнително го отежнува возењето.
Надлежните служби апелираат до учесниците во сообраќајот да возат внимателно и со прилагодена брзина, посочувајќи дека екипи се на терен и работат на расчистување на патот






