Непрооден патот Охрид-Св. Наум: На коловозот има 30 см длабока вода

Од ноќеска по 3 часот непрооден е дел од патниот правец Охрид-Свети Наум, во близина на стовариште „Митко“, каде на десната коловозна лента во правец на Охрид, има околу 100 метри вода длабока до 30 сантиметри. Сообраќајот се пренасочува по левата коловозна лента, а за проблемот е известено Јавното претпријатие Македонија Пат, информира АМСМ.

Според извештајот на АМСМ, сообраќајот на другите државни патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close