Израелската армија тврди дека елиминирала локален командант на Хамас

Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека во Појасот Газа елиминирала локален командант на Хамас.
Во соопштението на ИДФ се наведува дека во вчерашниот напад е убиен шефот на снабдувањето во штабот за производство на Хамас, Алја ал Хадиди.
Хамас сè уште не го коментирала убиството на ал Хадиди.
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера соопшти дека во Појасот Газа се убиени пет високи членови на Хамас како одговор на нападите на палестинската милитантна група врз израелските војници.
Нетанјаху ги повика посредниците да инсистираат Хамас да ги почитува преземените обврски за примирјето.
Палестинската Цивилна заштита соопшти дека во вчерашните дека во израелски напад во Појасот Газа загинале вкупно 24 луѓе, а 54 се повредени.
Израел и Хамас меѓусебно се обвинуваат за кршење на договорот за прекин на огнот, кој е во сила од 10 октомври.






