Трамп и Стармер се согласија да работат заедно за мир во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп и британскиот премиер Кир Стармер се согласија во телефонски разговор денеска дека треба да работат заедно во овој критичен момент за воспоставување праведен и траен мир во Украина.
Државниот секретар на САД, Марко Рубио, денеска се сретна со делегација од Киев во Женева со надеж дека ќе го унапреди планот на американскиот претседател откако Зеленски го отфрли во петокот и вети „алтернатива“.
Рускиот претседател Владимир Путин оцени дека предлогот на САД „може да послужи како основа“ за решение на конфликтот, повикувајќи го Киев на преговори.
Планот од 28 точки предизвика загриженост во Киев бидејќи вклучува неколку главни руски барања, вклучувајќи украинско отстапување на делови од територијата, намалување на големината на нејзината армија и откажување од членството во НАТО. Сепак, тој му нуди на Киев и западни воени безбедносни гаранции.






