(ВО ЖИВО) Судење „Пулс“: Обвинителството бара одговорност по име и презиме
Во Судот во Идризово денеска продолжува судењето за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На ова рочиште се очекува одбраната да се произнесе за вина и да даде воведни зборови.
На минатото рочиште, обвинителот Борче Јанев во воведниот говор истакна дека се бара правда како последица на незаконитост и „одговорност по име и презиме за тоа кој дозволил, кој молчел и кој не ја спречил трагедијата“.
„Не е важно само кој го запалил огнот, важно е кој имал кофа вода и не ја истурил“, порача Јанев.
видео: Прес24






