Џамбаски бара од Брисел да „не молчи пред нападите врз Бугарите во Македонија“ по инцидентот со Перев

Контроверзниот бугарски политичар, Ангел Џамбаски и член на крајнодесничарската ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски информира дека поради нападот врз македонскиот Бугарин, Владимир Перев, испратил отворено писмо до членовите на Европскиот парламент и Европската комисија. Им порачал дека, како вели, „вашето тврдоглаво молчење пред систематските напади врз Бугарите во Република Северна Македонија не е само политичка кратковидост“.
„Тоа е морален и правен неуспех. Најновиот случај – бруталниот напад врз новинарот Владо Перев, еден од ретките храбри гласови во земјата – не е „инцидент“. Тоа е уште еден чекор во долгиот синџир на насилство, етничка омраза и неактивност на државата. Овој пат вашите оправдувања звучат уште полажно од вообичаеното. Вашето молчење го легитимира насилството Системските напади врз луѓе со бугарски идентитет ги кршат Копенхашките критериуми што сами сте ги утврдиле. Секоја земја-кандидат е должна да гарантира човекови права, заштита на малцинствата, стабилни институции, владеење на правото, а Македонија очигледно не го прави тоа“, објавил Џамбаски.
Поранешниот европратеник истакнува дека „говорот на омраза кон Бугарите е институционализирана норма, а Европа молчи“. Тој упатил неколку барања до официјалните власти во Брисел:
„1. Отворено да признаете дека се вршат систематски прекршувања против бугарската заедница во Северна Македонија.
2. Секој понатамошен напредок во преговорите да го поврзете со реални, демонстративни резултати според Поглавје 23.
3. Да го прекинете формалниот „напредок“ и театарот на известување што го прикрива недостатокот на реформи.
4. Испратете јасна порака дека Европа нема да толерира насилство, омраза и дискриминација“, стои, меѓу другото, во писмото на Џамбаски.






