Историски концерт во Мадрид: „Македонската традиција бие во седум осмински такт“ го освои шпанскиот аудиториум

На 22ри ноември, во организација на Шпанско – македонското културно здружение ,,СОНЦЕ” и македонската Амбасада во Мадрид , се одржа концерт на македонска музика, насловен ,,Македонската традиција бие во седум – осмински такт”.

На концертот настапија Александра Поповска, Раул Сантана, Елена Цветкова Лагос, Ангел Цветков и Благој и Димитар Глушкови, кои изведоа разновиден репертоар што комбинираше традиционални композиции со македонско евергрини. Меѓу многубројната публика имаше претставници од дипломатскиот кор во Шпанија, а присутни беа и многу македонци кои живеат во Мадрид, заинтересирани да ги одржуваат и слават своите традиции.

Покрај нив, концертот привлече и бројни Шпанци љубители на македонската култура .

Мадридската публика реагираше со големо внимание и постојани аплаузи.Ова е прв концерт на македонска музика во Шпанија, а истиот беше поддржан од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, како и Општината Мадрид.

На настанот говореа Амбасадорот на Северна Македонија во Шпанија , неговата Екселенција Едмонд Адеми , кој ја истакна важноста од негувањето на македонската традицијс во дијаспората, како и претседателката на Здружението Оливера Лазаровска Санчез, која зборуваше од името на организаторите на овој историски настан за македонската заедница во Шпанија.

Back to top button
Close