Затвореник од струшко Октиси почина во болницата во Охрид

Триесет и тригодишник од струшкото село Октиси почина во болницата во Охрид, соопштија денеска од СВР Охрид.

Според информацијата, вчера во 19 часот во СВР Охрид било пријавено дека од Затворот Охрид во Општата болница во Охрид, со возило на Итната медицинска помош, во тешка здравствена состојба бил донесен К.Р.(33) од струшкото село Октиси, кој, и покрај преземените мерки од медицинските лица, починал.

По наредба на јавен обвинител, телото било дадено за обдукција.

Известен бил јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот

Back to top button
Close