Во пожарот во Хонг Конг загинаа најмалку 94 луѓе

Пожарот што го зафати станбениот комплекс Ванг Фук Корт, при што загинаа најмалку 94 луѓе, главно е под контрола, а се очекува да заврши и потрагата и спасувањето.

Во пожарот што изби пред два дена, како исчезнати се водат 279 луѓе.

 

Огнот изби во комплексот од осум висококатници со околу 2.000 домови во кои живеат над 4.600 луѓе. Комплексот бил во фаза на реновирање, а на зградите биле поставени скелиња од бамбус, што традиционално се користат во градежништвото поради лесниот и цврст материјал.

 

Полицијата уапси два директора и инженерски консултант на фирмата „Престиж констракшн“ (Prestige Construction), која една година работела на обнова на комплексот. Тие се осомничени за убиство од небрежност поради користење на несигурни материјални, меѓу кои и стиропор.

– Имаме причина да веруваме дека одговорните странски компании биле крајно небрежни, што доведе до оваа несреќа и предизвика пожарот да се шири неконтролирано, наведе началничката на полицијата Ајлин Чунг.

Back to top button
Close