Мајка на еден од обвинетите за убиството на турскиот државјанин нападнала полициска службеничка

Педест и две годишна турска државјанка, мајка на еден од обвинетите за убиството на 25-годишниот Енес Оздемери вчера нападнала полициска службеничка, која била дел од обезбедување на првото судско рочиште.

Министерството за внатрешни работи (МВР) ја потврдува информацијата и открива и детали, дека вчера на 27.11.2025 во 12:35 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ја лишија од слобода 52-годишната А.К. од Р. Турција, која во моментот престојува во Штип, поради тоа што физички нападнала полициска службеничка, која била работно ангажирана за физичко обезбедување за време на судски процес кој што се одвивал во Апелационен суд Штип.

Од МВР најавија дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера судењето помина под силно полициско обезбедување, присуствуваа и семејствата на обвинетите, кои се дојдени од Турција. Судењето продолжува на 19 декември со изнесување на докази

Back to top button
Close