Кривична против директор на ЈКП „Брегалница“- Делчево, им скратил по 3.500 денари на 76 вработени
Поднесена е кривична пријава против директорот на ЈКП „Брегалница“- Делчево, кој во периодот од декември 2023 година до април 2024 година, им скратил по 3.500 на вработените, вкупно 76 на број, информираат од МВР.

-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево, поднесе кривична пријава против С.С. од Делчево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“. Пријавениот, во својство на службено лице-директор на ЈКП ,,Брегалница‘‘-Делчево ја злоупотребил својата службена положба и овластување и во периодот од декември 2023 до април 2024 година, не го испочитувал општиот Колективен договор за јавниот сектор и Законот за работни односи, при што на 76 вработени во ЈКП ,,Брегалница‘‘ не им исплатил уште по 3.500 денари по вработен, со што ги оштетил вработените со вкупна сума од 266.000 денари, информираа од МВР.






