Бонмати ја скрши ногата на тренинг

Трикратната освојувачка на „Златната топка“, шпанската репрезентативка Аитана Бонмати ја скрши ногата за време на тренинг со репрезентација во кампот „Лас Розас“ во Мадрид.
Шпанија се подготвува за реваншот од финалето на Лигата на нации на УЕФА против Германија. Бонмати одигра 77 минути на првиот натпревар без голови во Кајзерслаутерн и сега мора да се врати во својот клуб Барселона за да почне со процес на рехабилитација. По спроведените медицински тестови, шпанската фудбалска Федерација објави денеска дека Бонмати има скршеница на левата фибула.
Бонмати оваа година стана првата фудбалерка која трет пат ја освои „Златната топка“, освојувајќи тројна круна со Барселона во шпанскиот фудбал, а настапи и во финалето на Европското првенство со Шпанија. УЕФА ја прогласи и за најдобра фудбалерка измината сезона во Лигата на шампиони.






