Повеќе од половина Европејци против прием на Украина во ЕУ и НАТО

Помалку од половина од испитаниците во Полска, Франција, Германија и Италија би ја поддржале Украина да се приклучи кон ЕУ и НАТО дури и ако се постигне мировен договор меѓу Киев и Москва, покажува месечната анкета на агенцијата YouGov.
Според резултатите, членството на Украина во ЕУ го поддржуваат 42% Полјаци, а 45% би ја виделе како дел од НАТО. Слични проценти се регистрирани и во Франција, Германија и Италија. Поддршката е значително поголема во Велика Британија и Шпанија.
Во Велика Британија 69% го поддржуваат приемот на Украина во ЕУ, а 66% во НАТО. Во Шпанија поддршката е 70% за ЕУ и 62% за НАТО.
Европејците генерално го поддржуваат продолжувањето на финансиската помош за Украина, при што Британците и Шпанците се најспремни – со 68% поддршка.
Италија е најподелена по ова прашање: 43% поддржуваат финансиска помош, а 40% се против
Анкетата е спроведена од 7 до 27 ноември.






