Гeрасимовски: Проверивме 30 градилишта во Општина Центар, изречени се 24 казни
Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски обелодени дека Општина Центар во изминатиот период во проверки на 30 градилишта, и изречe 24 казни – од незаконско зафаќање јавни површини до валкани гуми.

„Во изминатиот период проверивме 30 градилишта на територијата на Центар и изрековме 24 казни за прекршувања – од незаконско зафаќање јавни површини до валкани гуми. Казните се движат од 1.300 до 1.800 евра. Како општина, имаме јасна цел – ред, безбедност и заштита на јавниот простор. Ќе реагираме на секое нарушување и ќе продолжиме со редовни и интензивни контроли на сите активни градилишта. Центар мора да биде уредно, чисто и безбедно место за сите нас, и така ќе продолжиме да работиме секој ден“, напиша Герасимовски на „Фејсбук





