16 години затвор за Илија Панов за убиството на вонбрачната партнерка Сузана во Каварадци

Илија Панов, познат под прекарот Јапан, е осуден на 16 години затвор за убиството на својата вонбрачна партнерка Сузана, фемицид кој ја потресе македонската јавност.

Злосторството се случило помеѓу 20 и 22 јануари годинава во Кавадарци. Телото на 49-годишната жена било пронајдено на 22 јануари во нејзиниот дом на улицата „Ѓуро Салај“. Жртвата лежела во спалната соба зад вратата, а просторот бил целосно разфрлан, што укажувало на брутална расправија.

 

 

Трагичниот момент го открила нејзината ќерка, која, откако мајка ѝ не одговарала на телефонски повици, решила да дојде во станот и наишла на хорор-сцена која го потресе градот.

 

Жителите на Кавадарци истакнуваа дека Сузана водела тежок живот, исполнет со социјални и здравствени предизвици, додека за Панов зборуваа дека долги години имал проблеми со зависност и проблематично однесување.

 

 

Обвинителството соопшти дека Панов, при вршење семејно насилство, ја лишил од живот својата партнерка. Според обвинителниот акт, тој свесно ѝ го затворил носот и устата, предизвикувајќи механичко задушување. Обдукцијата потврдила овие наоди, а ДНК траги биле најдени под ноктите на жртвата. Панов се обидел да создаде алиби и тврдеше дека не бил во домот во критичниот момент, но во исказите бил констатиран висок степен на лага.

За ова дело, законот предвидува максимална казна доживотен затвор, но судот денеска го осуди на 16 години затвор.

Back to top button
Close