Групацијата Прада официјално го купи Версаче за 1,25 милијарди евра по одобрување од регулаторите

Групацијата Прада денеска објави дека по шест месеци чекање за регулаторно одобрување, го купила Версаче, а тој договор е вреден 1,25 милијарди евра.

Извршен претседател на куќата ќе биде Лоренцо Бертели, наследник на Групацијата Прада и раководител на корпоративната општествена одговорност, пишува Вог.

Аквизицијата на модната куќа Версаче се случи во април оваа година, откако компанијата се соочи со сериозни финансиски тешкотии во последните пет години.

Back to top button
Close