(ВИДЕО) ДЕКО во судница: Носиме сите иста болка како вас. Бурна реакција од родителите, со плачење ја напуштија судницата
Во судницата во Идризово, за време на воведните говори на одбраната во процесот за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, бранителката на првообвинетиот Дејан Јованов – Деко, адвокатката Ивана Коцевска, целосно ја префрли одговорноста врз државните институции и врз музичката група ДНК.
Според Коцевска, нејзиниот клиент може да одговара единствено за евентуална небрежност, но не и за тешки дела против општата сигурност, бидејќи тој никогаш немал свест дека објектот не ги исполнува безбедносните стандарди – затоа што ниту една надлежна институција во изминатите 12–13 години не му укажала на тоа.
По неа, пред судот се обрати и самиот првообвинет Дејан Јованов, кој целосно се приклучи кон воведниот говорот на својата бранителка и емотивно се обрати кон присутните.
Неговото обраќање предизвика силни емоции кај родителите и блиските на загинатите. Дел од нив бурно реагираа, се вознемирија и гласно плачејќи ја напуштија судницата.
Видео: Сител






