„Не знаел дека ќе биде дискотека“ – газдата на објектот тврди дека само го издал просторот – документите му биле заклучени во гаражата
Сметаме дека во обвинението не се разјаснети сите околности кои му се ставаат на товар на Милковски. Нема место за об винение и кривична одговорност на обвинетиот, а се поставува следното прашање, со пропуштање на кое дејствие го сторил кривичниот настан, за што се обвинува Гроздан Милковски, со што го предизвикал пожарот на кобната ноќ во Кочани, го започна своето обраќање бранителката на Гроздан Милковски, Лидија Ристовска.

Милковски е сопственик на објектот, кој е издаден на правниот субјект претставуван од Дејан Јованов, постои еден договор за закуп за времетраење од 10 години, со важност до 01.12.2022 година, во услови кога не е склучен нов договор, важат одредбите кои се одредени во стариот договор.
Во договорот за закуп се уредени меѓусебните права и обврски на закуподавачот и закупецот.
Одредби кои биле на сила се „потребната документација, употребна дозвола на просторот ќе си ја обзезбеди закупецот“ и „во случај да има преуредувања закупецот ќе ги направи на свој простор, сите преуредувања закупецот е должен да ги отстрани по истекот на времето за користење или престанок на важност на овој договор. Закупецот е должен да го врати објектот во првобитната состојба пред 30 дена“.
…






