Двајца кочански полицајци обвинети за неовластена употреба на сила
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против двајца полициски службеници З.Т. и К.Д. поради сомнение за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ согласно член 143 од Кривичниот законик.

Според пријавата, двајцата полицајци на 7 септември 2025 година постапувале по пријава за гласна музика во Кочани, при што влегле во дворот на пријавеното лице и без законски основи употребиле физичка сила, нанесувајќи му телесна повреда.
Одделот за внатрешна контрола дополнително ќе предложи поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност и ќе изрече мерки за нивно времено отстранување од работното место до нејзино завршување, стои во инфомацијата од МВР






