Филипче најави голема чистка во СДСМ“ – вечерва ќе побара оставка на цел Извршен одбор на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во емисијата „Директно“ на „Телма“ ја најави вечерашната седница на Извршниот одбор, највисокото партиско тело, на која рече дека ќе бара оставки од сите актуелни членови.

„Направивме анализи внатре во партијата насекаде, каде резултатите беа различни. Имаше општини каде потрфливме, но и каде покажавме резултати. Врз основа на сите анализи и разговори, работа и дооформување на стратегија на работа на партијата, веќе денес, односно вечерва ќе имаме Извршен одбор на којшто ќе побарам сите членови да се повлечат и на еден од следните состаноци да се избере ново раководство и нов состав на партијата“, рече Филипче.

Тој најави дека на функциите ќе се бираат „најкомпентетни личности за функциите“.

Back to top button
Close