Костадинов: Одлуката на СДСМ за оставки е движење напред“

Екс градоначалникот на Општина Струмица и поранешен пратеник од редовите на СДСМ, Костадин Костадинов, се огласи по денешната одлука на раководството на партијата, оценувајќи ја како „движење напред“,

Според него, дел од одлуките на СДСМ биле „исклучително нетактични“, но нагласува дека ваквиот чекор претставува позитивен сигнал за можни промени во партијата.

„Како замрзнат член, сметам дека иако дел од претходните одлуки на раководството на мојата СДСМ беа исклучително нетактични, денешниот чекор е движење напред. Ова е одлука што треба да се поздрави, затоа што отвора простор за вистинска промена“, напиша Костадинов.

Back to top button
Close