Трамп најавува можни копнени воени напади во Jужна Америка против нарко-картелите

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека неговата администрација би можела „многу брзо“ да започне копнени напади врз цели осомничени за трговија со дрога низ цела Јужна Америка, без да прецизира кога и каде би биле извршени тие напади.

. EPA/SAMUEL CORUM / POOL

„Ќе почнеме да ги извршуваме овие напади и на копно. Ги знаеме нивните рути, знаеме се за нив, знаеме каде живеат. Каде живеат најлошите. И ќе започнеме со тоа многу брзо“, рече Трамп за време на владината седница, јави CBS News.

Трамп не кажа кога би можеле да започнат нападите или каде би биле извршени.

Неговата изјава го повторува она што го кажа во четвртокот, на Денот на благодарноста дека копнени напади ќе започнат „многу брзо“.

Трамп изјави дека трговците со дрога предизвикале смрт на 200.000 луѓе во САД минатата година и истакна дека бројот на жртви на наркотици се намалува благодарение на нападите врз бродови.

Американскиот претседател нагласи дека копнените акции против трговците со дрога нема да бидат ограничени само на Венецуела.

 

„Слушнав дека тие произведуваат кокаин и во Колумбија и дека имаат фабрики за кокаин. Секој што го прави тоа и продава дрога во нашата земја ќе биде цел на напад“, рече Трамп.

 

Трамп на состанокот на кабинетот изјави дека ниту тој ниту министерот за одбрана Пит Хегсет не знаеле за втор напад врз сомнителен брод за дрога во Карибите во септември, кога војската, откако го потопи бродот, испали уште еден проектил кон членовите на екипажот и притоа бреа убиени.

„Не знаев за вториот напад. Не знаев ништо за тие луѓе. Не бев вклучен и само знаев дека го уништиле бродот“, рече Трамп

Back to top button
Close