Федерика Могерини официјално обвинета за измама и корупција

Поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, денеска е официјално обвинета за процедурална измама и корупција во врска со договорот за обука на идни дипломати во академијата „Колеџ Европа“, која таа сега ја води.

Могерини беше приведена вчера на испрашување од страна на белгиската полиција, а во текот на ноќта сите беше ослободени од притвор.

Обвинителството истражува измама поврзана со програмата за обука на помлади дипломати финансирана од ЕУ кооја Европската служба за надворешна акција ја додели на Колеџот на Европа за 2021 и 2022 година. Истрагата се фокусира на тоа дали тендерот бил наместен во корист на тој колеџ.

Могерини е на чело на Колеџот на Европа од 2020 година, а во 2022 година ја презеде и функцијата на чело на Дипломатската академија на ЕУ.

Како што пишува France24, повикувајќи се на европски извори, предметниот договор вредел околу 650.000 евра.

 

 

 

Back to top button
Close