Чупеска: Морален гест без анализа може да стане празна форма

Поранешната потпретседателка на СДСМ, Ана Чупеска за Пресонлајн предупредува дека колективните оставки можат да се толкуваат позитивно, но само ако се проследени со јасно утврдена одговорност. Таа потенцира дека во актуелниот случај недостигаат клучни елементи што би ја оправдале тежината на потегот.

– Политичките оставки, особено колективните, може да бидат доживеани како морален чин во јавноста, што е легитимна перцепција. И тоа е добро! Меѓутоа, од суштинско значење е да се разгледа целта и политичката јасност на ваквиот потег, изјави, Чупеска.

Таа додава дека изостанува најкритичниот чекор — утврдување одговорност за изборниот резултат.

„Во конкретниот случај, каде што се поднесуваат колективни оставки, останува една клучна ‘непозната’ која може da ja поткопа нивната политичка тежина: тоа е , имено, отсуството на претходно утврдување на одговорностa!“

Според неа, утврдувањето пак на одговорност не може да се оствари ако има недостаток на дискусија за изборниот процес и резултатите.

– Ако има неподнесување на извештај кој детално ги анализира причините за постигнатиот резултат. Ако се изоставувi jавна дебата за проблематичните одлуки во изборниот процес, како и други клучни прашања кои влијаеле врз исходот, подвлече таа.

Таа предупредува дека без овие елементи, оставките може да бидат сфатени како формална, а не суштинска одлука.

„Во отсуство на овие елементи, колективната оставка… ризикува да биде толкувана како формален потег кој го избегнува суштинското соочување со причините за неуспехот.“

Чупеска заклучува дека ваквите чекори можат да создадат повеќе сомнежи отколку доверба:

„Со тоа, целта на ваквите оставки не е целосно постигната… тие создаваат вакуум на нејасност и сомнеж во јавноста за вистинските мотиви и причини.“

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close