Адеми: Извештајот на ЕК е јасен: реформите се во застој, институционалните капацитети се слаби, Владата не успеала да ја трансформира економијата

Демократската Унија за Интеграција реагира на официјалната оценка на Европската Комисија за Кластерот Три, Конкурентност и Инклузивен Раст, извештај кој јасно посочува на сериозни застои во економскиот развој, социјалните политики, јавните инвестиции и конкурентноста на економијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од ДУИ во кое се пренесува прес-конференцијата на потпретседателот на партијата, Арбер Адеми, кое МИА го објавува интегрално.

Ова поглавје претставува еден од темелните столбови на европскиот интегративен процес, затоа што е директно поврзано со квалитетот на живот на граѓаните, со вработувањето, со економските реформи и со изградбата на модерен и конкурентен пазар согласно стандардите на ЕУ.

 

 

Извештајот на Комисијата е јасен: реформите се во застој, институционалните капацитети се слаби, а актуелната влада не успеала да ја трансформира економијата според барањата на поглавјето што ја дефинира конкурентноста на државата.

 

 

Главни критики на ЕУ за Кластерот Три:

 

 

1. Транспорт – блокирани проекти, неискористени инвестиции

• Динамиката на работите на стратешките коридори останува незадоволителна.

• ЕУ нотира недостатоци во планирањето, системски доцнења и недостиг на капацитети во управувањето со капитални проекти.

• Некоординираните инвестиции ја поткопуваат регионалната поврзаност и ја ослабуваат економската конкурентност.

 

2. Енергија – бавна транзиција, висока зависност од увоз

• И покрај големиот потенцијал, обновливите извори и зелената енергија се развиваат со занемарлива динамика.

• Зависноста од енергетски увоз останува висока, зголемувајќи ја несигурноста и трошоците.

• Комисијата посочува недостиг на транспарентност, законски и регулаторни доцнења, како и слабо управување со кризи.

 

 

3. Царини – недовршена дигитализација

• Царинскиот систем не е модернизиран согласно стандардите на ЕУ.

• Недостаток на интеграција со европските системи, застарена технолошка инфраструктура и ограничени капацитети го зголемуваат ризикот од корупција.

 

 

4. Даночен систем – неефикасна администрација, без модерни алатки

• Извештајот нотира недостиг на капацитети во борбата против даночното затајување и сивата економија.

• ИТ системите остануваат застарени, додека фискалните реформи се делумни и нестабилни.

• Довербата во даночната администрација е ниска.

 

5. Социјални политики и вработување – стагнација и неспроведување

• Нема доволно напредок во намалувањето на сиромаштијата и зголемувањето на социјалната инклузија.

• Активните програми за вработување се ограничени и не ги таргетираат ранливите групи.

• Минималната плата и политиките на пазарот на труд не се усогласени со европските стандарди.

 

 

6. Образование – бавни реформи и недостиг на квалитет

• Образованието не ги создава вештините што ги бара пазарот на труд.

• Дигитализацијата е делумна, а наставниците немаат доволно континуирана обука.

• ЕУ критикува недостаток на спроведување на реформите најавувани со години.

 

 

Пораката од ЕУ: Економијата не е подготвена за конкуренцијата на ЕУ

 

 

Европската Комисија оценува дека, поради недоволни реформи и неефикасно спроведување на јавните политики:

• економијата е кревка,

• конкурентноста е ниска,

• инвестициите се бавни,

• пазарот на труд не е модерен,

• социјалните политики не се преточуваат во реални придобивки за граѓаните.

 

 

Овие наоди претставуваат јасна тревога за економскиот правец на државата.

 

 

ДУИ оценува дека заклучоците на Европската Комисија непристрасно покажуваат дека:

 

 

• актуелната влада го закочила економскиот развој на државата,

• не ги модернизирала клучните сектори на економијата,

• не изградила одржлива стратегија за конкурентност,

• го одложила енергетската транзиција и инвестициите во транспорт, дигитализација и иновации.

 

 

Овие неуспеси ја оддалечуваат државата од стандардите потребни за отворање и затворање на поглавјата од европските интеграции.

 

 

ДУИ останува посветена да:

 

 

• ја модернизира економијата согласно стандардите на ЕУ,

• ја зголеми транспарентноста и капиталните инвестиции,

• го унапреди транспортот, енергијата и дигитализацијата,

• изгради социјални и образовни политики што ги штитат граѓаните и ја подготвуваат државата за модерниот европски пазар.

 

 

Без конкурентна и инклузивна економија, интеграцијата на државата во Европската Унија останува неостварлива.

ДУИ ќе продолжи да работи со одговорност, визија и посветеност за да му го врати на државата реформскиот динамизам и да ја доближи Република Северна Македонија до стандардите на ЕУ.

 

Back to top button
Close