Апасиев до Гаши: Со месеци во фиока стои информацијата по претставката на родителите од Кочани

На денешната седница на Собранието, пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, посочи дека со месеци не се разгледува информацијата која ја доставил во врска со претставката од родителите на трагично загинатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според него, документот не е ставен на Дневен ред, ниту е проследен до пратениците, што е спротивно на досегашната пракса.

„На 7 август 2025 година до вас, како претседател на Собранието, доставив информација по добиена претставка од родителите за трагичниот настан во Кочани од 16 март 2025 година,“ изјави Апасиев, истакнувајќи дека вакви материјали обично се разгледуваат во рок од неколку дена.

Тој додаде дека вакво одложување досега не било забележано, нагласувајќи дека јавноста не е информирана, ниту документот е вратен за доработка.

Во продолжение праша:

„Дали конечно ќе се постапи по оваа информација што ја имам доставено како овластен предлагач?“

Back to top button
Close